
ДОБРЕДОЈДОВТЕ
на интернет страницата на агенцијата за АДМИНИСТРАЦИЈА
Ве покануваме на виртуелно патување во кое нудиме можност за добивање на многу податоци за законските надлежности, активностите и идните планови на Агенцијата. Целта ни е да ја зголемиме транспарентноста во нашето работење и да ја интензивираме комуникацијата, како со државните службеници, така и со сите заинтересирани од пошироката јавност... |
|
|
|
|
|
|
|
|
 | | Новости
|
Известувања за полагање испити!
Сакајќи да ја подобриме транспарентноста и навремената информираност на кандидатите кои се пријавуваат на јавен оглас за вработување во државната и јавната служба, Агенцијата за администрација Ве известува за следната новина во своето работење:
Отсега, покрај известувањето по СМС на вашиот контакт телефон или на вашата електронска адреса ТЕРМИНИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК И ИСПИТ ЗА ЈАВЕН СЛУЖБЕНИК ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ Tука
Напоменуваме дека ова известување нема да се однесува на:
- неуредните кандидати; - кандидатите кои имаат валидна потврда (не постара од 2 години од денот на издавањето) за положен општ и практичен дел од испитот за државен, односно јавен службеник, со освоени максимален број на поени (30); - кандидатите кои го имаат положено општиот и практичниот дел од испитот за државен, односно јавен службеник, а немаат освоено максимален број на поени, но притоа не сакаат да се откажат од стекнатата потврда, односно не сакаат да го преполагаат испитот; и - кандидатите кои веќе се стекнале со потврда за положен општ и практичен дел од испитот за државен, односно јавен службеник, чијшто датум на издавање не е постар од 90 денови. |
|
Класификација на научно-истражувачки подрачја, полиња и области
Со цел стандардизирање на постапката на подготовка на правилниците за систематизација на работните места во органите на централната и локалната власт во државната служба и обезбедување на доследност при давањето на писмената согласност од страна на Агенцијата за администрација, Ви препорачуваме при наведувањето на видот на образование во описите на работните места во новите или изменувањата и дополнувањата на постојните правилници за систематизација на работните места да утврдите конкретен вид на образование или групи на образование, согласно Класификацијата на научно - истражувачките подрачја, полиња и области според меѓународната фраскатиева класификација (Прилог бр. 2 на Уредбата за нормативите и стандардите за основање на високообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност - „Службен весник на РМ“ бр. 103/2010)
Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според меѓународната фраскатиева класификација, можете да ја погледнете тука (.pdf 1.34mb),
Напоменуваме дека гореспоменатата класификација ќе се има предвид и при административната селекција во постапката за вработување на државните и јавните службеници. Имено, неуредни ќе се сметаат пријавите во кои наведениот вид на образование нема да соодветствува со научното поле, односно област од Класификацијата.
|
|
Почитувани кандидати,
Поради појаснување на постапката за вработување на државни, односно јавни службеници, Агенцијата за администрација им овозможува на сите заинтересирани кандидати да се информираат за начинот и постапката на спроведување на испитот за државен, односно јавен службеник, со што изведувањето на овој дел од активностите на Комисијата за селекција на државен (јавен) службеник би се одвивало поефикасно. Подолу во Упаството се наведени најчесто поставуваните прашања со нивните одговори од прашањата што можат да бидат поставени од страна на кандидатите кoи се заинтересирани да го положат испитот за државен, односно јавен службеник. |
Почитувани, согласно последните измени во Законот за државни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003,17/2004, 69/2004, 81/2005, 108/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6 |
 | Важно!!! |  |  | Почитувани,
Согласно Закон за изменување и дополнување на законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на РМ, бр. 167/2010) и Закон за изменување и дополнување на законот за државните службеници (Службен весник на РМ, бр. 167/2010), ве известуваме дека од 01.01.2011 година, Агенцијата за државни службеници продолжува да работи под името Агенција за администрација. |  |  |  |  |
 | Агенцијата за администрација ги врши следниве работи |  |  | Агенцијата за администрација ги врши следниве работи:
- дава писмена согласност на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места на органите на државната служба; - организира и спроведува постапка за селекција и вработување на државен службеник; - одлучува по жалби и приговори на државните службеници, како второстепен орган и - врши и други работи утврдени со закон.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 167/2010), одреден дел од надлежностите кои заклучно со 31.12.2010 година ги вршеше Агенцијата за државни службеници, почнувајќи од 1.1.2011 година преминаа во надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и тоа:
- предлага донесување на Уредба за описот на звањата утврдени со ЗДС до Владата на РМ, - начинот на селектирање и вработување на државните службеници го пропишува Министерот на МИОА, - согласноста за превземање на на државен службеник од еден во друг орган на државната служба ја дава МИОА, - начинот на спроведувањето на пробната работа, полагањето на стручен испит и начинот на оценување на пробната работа го пропишува Министерот од МИОА, - ги собира извештаите за изречена дисцилинска и материјална одговорност на државен службеник, - Давање на мислење на годишните планови за обука, - поднесувањето на иницијативи до овластениот предлагач за донесување и изменување на Законот за државните службеници, - подготвувањето на подзаконски акти кои се однесуваат на државните службеници, а ги донесува Владата на Република Македонија, - донесувањето на подзаконски акти за кои е овластено со закон, - ги собира извештаите за оценување на државните службеници од органите на државната служба, - грижата за исполнување на обврските кои произлегуваат за органите на државната служба од Законот за државните службеници, кои се однесуваат на доставувањето на извештаи за оценување, годишни планови за соодветна и правична застапеност и програми за обука, - подготвување на стратешки документи поврзани со стручното усовршување и обуката на државните службеници, - организирањето и спроведувањето на генерички обуки за државните службеници, - водењето на Регистарот на државните службеници, - обезбедувањето на единствената примена на Закон за државните службеници и другите прописи што се однесуваат на државните службеници, - собирањето на годишните планови за соодветна и правична застапеност на заедниците во органите на државната служба, - пропишувањето на содржината на годишниот план за соодветна и правична застапеност на заедниците во органите на државната служба, - собирањето и обработката на податоците за вработените припадници на заедниците во органите на државната служба.
Воедно, работите кои ги вршеше Агенцијата за државни службеници како што се:
- согласност за вработување на државен службеник на систематизирано слободно работно место, истата се укинува при што за остварување на ново вработување во органите, таков вид на согласност повеќе не е потребна и - учествува во постапката за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност на државните службеници,
почнувајќи од 1.1.2011 година не се во надлежности на Агенцијата за администрација. |  |  |  |  | |
|
|
|
|
|
| |
 | | Корисни линкови |
http://prijava.aa.mk Агенцијата за администрација ве охрабрува да се пријавите on-line на отворените јавни огласи за вработување во државната служба.  |
|
|